Обилните дождови во Русија срушија железнички мост: Сообраќајот прекинат во двата правци

од Stefanija Kuzmanovska

Обилните дождови во Забаљкалскиот регион во Русија предизвикаа уривање на железничкиот мост кој е дел од транссибирската железничка мрежа, соопштија денеска локалните власти.

„Од официјалните лица на руската железница во 9.00 часот утрово добивме информација дека мостот се срушил по обилните дождови на делови од транссибирската железничка мрежа над реката Куенга, во близина на станицата Укуреи“, се вели во соопштението пренесено од ТАСС.

Се додава дека нема жртви и повредени.

Железничкиот сообраќај е во прекин во двата правци.

Слични содржини