Објавен е конкурс за нов директор на Театар Комедија , вели Стефоска

од Берта Китинска

Денеска е објавен јавниот оглас за нов директор на НУ Театар комедија со полн мандат од четири години.

Од Министерството за култура соопштија дека било договорено за време на траењето на огласот, што е 15 дена, в.д.директор на установата да биде актерката, од редот на вработените, Магдалена Ризова Черних, а уметнички раководител да биде драматургот Дарко Јан Спасов.

-Министерката Стефоска и вработените во НУ Театар комедија се договорија во следниот период да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата. Министерката Стефоска и вработените во НУ Театар комедија изразуваат искрена желба на јавниот оглас да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, и најквалитетниот кандидат да биде избран за директор со редовен мандат. На тој начин, еден од омилените театри во земјава ќе продолжи со успешниот репертоар, за кој низ годините се бара карта повеќе, стои во соопштението.

Завчера со решение на Министерствто за култура беше сменета од функцијата в.д директор Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ.

Слични содржини