Објавен идентитетот на тинејџерите кои се задушија од плин: Немале ниту дваесет години

од Nikola Popovski

Хрватските медиуми го објавија идентитетот на осумте тинејџери кои починаа на новогодишната ноќ во селото Ракитно кај Посушје, БиХ.

Според „Слободна Далмација“, починале Иван Миличевиќ (роден 2001 година во Посушје, живеалиште во Поклечани), Стипе Ромиќ (роден 2001 година во Посушје, престојувал во Поклечани), Мирела Резо, родена 2001 година во Швајцарија, престојувала во Посушје, Жана Павковиќ, родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Миа Солдо (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Сутина, Посушје), Стипе Павковиќ (роден 2001 година во Мостар, живеалиште во Врпоље, Посушје) Марија Павковиќ (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Стјепан Јукиќ (2001 година во Мостар, престојуваше во Батин, Посушје).

Од осумтемина кои починаа на новогодишната прослава, дури шестмина се од Ракитно, мало гратче близу Посушје.

„Можете само да замислите што значи тоа за ова место со 1.500 жители. Сите беа иста генерација, се познаваа и беа пријатели уште од рана возраст, а сите нивни семејства се во роднинска врска или се први соседи. Боже мили!“, изјавил еден од жителите на Ракитно за Слободна Далмација.

Роднините и родителите на повредените тинејџери пристигнале на местото каде што се случи трагедијата. Според БХРТ, тие едвај стоеле на нозе, скршени од болка и тага, додека локалното население од Посушје со неверување гледало во правец кон викенд-куќите каде што биле пронајдени младите по прославата на Нова Година.

Слични содржини