Објавен првиот трејлер за филмот за Ибрахимовиќ, го игра Албанец (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите фудбалери на 21-от век, Златан Ибрахимовиќ (39), наесен ќе добие филм наречен „Јас сум Златан“, а сега е објавен и првиот официјален трејлер! Додека Ибрахимовиќ се релаксира на јахта, ќе погледнеме дел од она што не чека на филмското платно.

Филмот се базира на неговата автобиографија „Јас, Ибра“, а сценариото го напишаа Јакоб Бекман и Дејвид Лагеркранц. Режисер на филмот е Јенс Сјорген, и иако станува збор за игран филм базиран на книга – самиот Златан беше вклучен во проектот и им помагаше на авторите кои снимаа во Шведска и Амстердам.

Филмот се занимава со неговите почетоци, тешкото детство по бегството од Балканот, кога неговите родители немаа пари ниту за храна, додека проблематичниот Златан исто така знаеше да се најде во неволја на улица, да се тепа …

Сепак, тоа го зајакна и затоа тој е Златан денес!

17-годишниот Ибрахимовиќ го игра шведскиот актер Гранит Рушити, од албанско потекло, кој исто така играл фудбал. Интересно, тој започнал во Малме, но глумата подоброму оди …

Слични содржини