Објавен списокот на повредени патници во несреќата во Бугарија

од Берта Китинска

Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма”, близу Софија.

Од министерството информираат дека  повредените патници, се  во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов”:

Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Македонија
Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Македонија
Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Македонија
Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Македонија
Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Македонија
Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија
Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.

Слични содржини