Објавен телевизискиот распоред на часовите за учениците од прво до деветто одделение (фото)

од Nikola Popovski

Министерата за образование и наука, Мила Царовска го објави ТВ распоредот на часови за учениците од прво до деветто одделение низ девет фотографии.

„Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици“, напишаа таа на Фејсбук.

Според Царовска, оваа година е различна од останатите.

„Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат. Часовите почнуваат во 08:30 часот и траат по 15 минути“, објави Царовска.

Слични содржини