Објавен трејлерот на документарецот за Шумахер, семејството ги открива сите тајни! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Михаел Шумахер, за многумина најдобар Формула 1 возач на сите времиња, наскоро ќе добие документарен филм за неговата кариера!

Точно 30 години од неговото деби во Формула 1, објавен е трејлер за филмот што ќе ја види светлината на денот на 15 септември.

„Нетфликс“ објави дека ќе дознаеме многу непознати детали во филмот и дека членовите на семејството, сопругата Корина и децата Џина и Мик ќе зборуваат за нив.

Михаел Шумахер не се појавил во јавноста од декември 2013 година. Причината е сосема јасна – на 29 декември истата година, тој падна на скијање и оттогаш се бори за живот.

Шумахер, роден 1969 година, дебитираше во Формула 1 на Белгиското ГП во 1991 година. Една година подоцна, тој ја забележа првата победа на истата патека. Последната победа ја забележа во 2006 година во Кина, а официјално се пензионираше во 2012 година.

Освои 7 шампионски титули во Формула 1, од 1994 до 2004 година. Запиша 91 победа и 155 подиуми. Имаше 68 пол -позиции возејќи за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Слични содржини