Објавена е нова корона-мапа на Европа, погледнете каде е најкритично

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот центар за контрола на болести ја ажурираше својата корона-мапа.

Епидемиолошката карта за Европа, ECDC се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и учеството на позитивните тестови во вкупниот број тестирани.

Карта на ECDC е советодавна, но некои земји -членки се потпираат на неа кога воведуваат епидемиолошки ограничувања при враќањето во земјата.

Шпанија е целосно темно црвена, а делови од Франција станаа црвени, откако остана само еден портокалов регион. Италија, исто така, ја менува бојата на регионите на полошо. Дел од Словенија исто така се смени од зелена во портокалова.

Хрватскиот брег се уште е во портокаловата зона, а промената е во тоа што Градот Загреб од зелен стана портокалов.

Слични содржини