Објавена листа на воено најмоќни земји, каде е С.Македонија?

од Vladimir Zorba

Американскиот специјализиран воен сајт Global Firepower објави ранг листа на воено најмоќните земји во светот. На врвот на листата се САД, Русија, Кина и Индија. Меѓу земјите од регионот најдобро е рангирана Србија..

Според годишниот извештај на оваа веб-страница, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил се меѓу првите 10 воено најсилни земји во светот.

Турција и Иран се позиционирани на 13-то и 14-то место, соодветно.

Сајтот наведува дека Србија на 61. место има најголема воена сила во регионот и тенденција да ја зголеми својата воена моќ.

Веднаш зад Србија е Хрватска, која е на 62. место, Словенија е на 86. место, додека Босна и Херцеговина е на 123. Црна Гора е девет места зад Босна и Херцеговина, додека Северна Македонија е на 135. На листата е и Косово. кој е на 140 место од вкупно 142 земји.

Последна е Исланд, кој е познат како најмирната земја.

Слични содржини