Објавена нова снимка за уништување на ерменски тенкови (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Азербејџанското Министерство за одбрана на Јутјуб објави видео од нападот врз ерменските тенкови во Нагорно Карабах.

„Уште два тенкови на ерменските вооружени сили беа уништени од оганот на нашите единици“, се вели во описот на видеото.

Вчера започнаа нови судири во Нагорно Карабах, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за иницирање на непријателства.

Исто така, податоците на двете страни за бројот на загинати и ранети во непријателските редови значително се разликуваат.

Слични содржини