Објавена СНИМКА од крвавиот масакр во Кентаки: Напаѓачот ја измамил полицијата, па пукал во нив

од Stefanija Kuzmanovska

Американската полиција објави снимка на која се прикажани хаотичните моменти откако полицајци пристигнале на местото на масовното пукање во централната банка во Кентаки, кога вооружен маж кој не можеле да го видат од улицата отворил оган врз нив.

Еден полицаец бил застрелан во главата неколку минути откако пристигнал на местото на пукањето. Заменик началникот на полицијата Пол Хемфри на прес-конференција зборуваше за клучните детали од снимката и ги пофали полицајците за нивната храброст.

Полицијата добила дојава за пукање во 8 часот и 38 минути, а на местото на настанот пристигнале двајца полицајци три минути подоцна. Тие не ни излегле од автомобилот кога вооружениот напаѓач почнал да пука во нив.

„Назад, назад, назад“, извикува еден од полицајците, додека во позадина се слушаат пукотници.

Фотографија од надзорната камера го прикажува 25-годишниот напаѓач во фармерки, сина кошула и патики како држи пушка додека е опкружен со скршено стакло внатре во зградата. Полицијата тврди дека напаѓачот поставил заседа за да ги нападне полицајците веднаш штом пристигнале.

Хемфри објаснил како полицајците не можеле да го видат напаѓачот низ стаклената влезна врата поради одразот, додека тој добро ги гледал. На видеото се гледа како полицаецот вади пушка од багажникот на патролното возило и им наредува на колегите да го покријат.

Во престрелката загинаа пет лица, а осум се ранети.

Слични содржини