Објавени фотографии од поранешниот стан на Путин во Германија: Сè е автентично (фото)

од Nikola Popovski

Новинарите од германскиот весник „Билд“ го посетија станот на северот на Дрезден, во Радебергерштрасе, каде што рускиот претседател Владимир Путин живеел со своето семејство од есента 1985 година до март 1991 година, додека работел за КГБ на СССР.

Кога семејството на Путин се вратило во Русија на крајот на 1991 година, нивниот сосед Јорг Хофман се пресели во нивниот стан во Дрезден. Тој сè уште живее во тој стан, кој има 66 квадратни метри, три спални соби, кујна, бања и подрум.

Хофман се сеќава дека Путин во негата преселба му помогнале десет до дванаесет руски војници, кои ги спакувале работите. Тој се сеќава дека имале проблеми со машината за перење, која била премногу тешка.

Нов жител на станот на Путин вели дека неговите соседи биле добри луѓе. Сопругата на Владимир Путин секогаш носеше кафеаво крзнено палто и голема крзнена капа. Семејството имало и куче.

Дури и по скоро 30 години, Јорг Хофман живее со големо задоволство во станот на Путин.

„Само што понекогаш се појавува проблем кога руски туристички автобуси застануваат пред зградата. Тие мислат дека ова е музеј на Путин“, рече тој.

Јорг Хофман вели дека за првпат им дозволил на новинарите да го фотографираат станот. Тој додал дека пред Божиќ, Алексеј Навални бил пред зградата со своите луѓе. Најверојатно снимал документарен филм, но не влегол во станот.

фото: Bild.de.

Слични содржини