Актуелно
Почетна / Магазин / Објавени квотите за оскарите: „Медена земја“ скоро без шанси да освои Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“

Објавени квотите за оскарите: „Медена земја“ скоро без шанси да освои Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“

Регионаланата обложувалница „Моцарт“ ги објави квотите за овогодинешниот Оскар.

Оваа година настанот е посебно интересен и за македонската јавност затоа што за првпат имаме филм кој е номиниран во две категории.
Откако во 1995 година филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски не успеа да го добие Оскарот, оваа година се надеваме на историски успех со „Медена земја“ (Honeyland) кој е номиниран за престижната награда во две категории: најдобар документарен филм и најдобар странски филм (квота 25). Најголема конкуренција на нашиот филм во трката за главната награда е јужнокорејскиот „Паразит“ кој ги освои речиси сите награди во Азија, а квотата за да земе Оскар е 1.05!

Во најинтересната конкуренција за најдобар филм борбата ќе биде голема. „Џокер“ (квота 8.00) има најмногу номинации – 11, но под квотите на обложувалницата во категоријата најдобар филм е остварувањето на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, во кој улогите ги толкуваат Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Според Моцарт и букмејкерите, најблиску до признанието е филмот 1917 (квота 3.00), односно за вложени 1.000 денари, доколку овој филм ја освои златната статуетка, исплатата е 3.000 денари.

loading...