Објавени мејлови кои сугерираат дека принцот Ендрју лажел за неговиот однос со Епштајн

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот принц Ендрју повторно е во очите на јавноста откако беа објавени мејлови во кои се сугерира дека во интервју за Би-Би-Си лажел за прашањата за неговото пријателство со Џефри Епштајн.

Во пораката која Епштајн, кој беше обвинет за подведување малолетници, ја напишал пред неговата смрт и која била објавена како дел од судска постапка во САД, стои дека Епштајн го претставувал Ендрју како потенцијален инвеститор во 2011 година, и покрај тврдењето на кралското семејство дека тој во 2010 година ги прекинал сите контакти со милијардерот, пишува Daily Mail.

Жртвите на Епштајн вчера побараа од принцот Ендрју да разговара со ФБИ, што тој досега одбиваше да го стори.

Слични содржини