Објавени ПЛАТИТЕ на функционерите во Црна Гора: Кривокапиќ заработил над 3.000 евра во мај

од Vladimir Zorba

ВЛАДАТА на Црна Гора објави информација за бруто платите на државните службеници.

Оттаму објавија дека бруто-платата на премиерот Зравко Кривокапиќ во мај е 3.133 евра, а на вицепремиерот Дритан Абазовиќ 2.135,89 евра.

Генералниот секретар на Владата, Зана Прашчевиќ Милачиќ, заработила 1.505 евра, додека бруто платата на заменик-генералниот секретар на Владата, Никола Кандиќ, е 1.906,80 евра.

Бруто платата на главниот преговарач за ЕУ, Зорка Кордиќ, во мај изнесувала 2.202,53 евра, додека претставничката на Црна Гора пред Европскиот суд за човекови права, Валентина Павличиќ, има примања од 1.279,10 евра.

Слични содржини