Објавени ТАЈНИ ФОТОГРАФИИ на Пентагон од првите затвореници од Гвантанамо

од Stefanija Kuzmanovska

„Њујорк Тајмс“ објави досега невидени фотографии од првите затвореници од Гвантанамо.

Според американскиот весник, станува збор за строго чувани фотографии од Пентагон.

Во текстот се истакнува дека ова се првите затвореници кои пристигнале во тој американски казнен центар на Куба, набргу по терористичките напади врз САД на 11 септември.

„Њујорк тајмс“ наведува и дека фотографиите се добиени врз основа на законот за слободен пристап до информации и дека на нив се прикажани првите затвореници од Гвантанамо депортирани од Авганистан во јануари 2002 година.

Објавено е и дека затворениците ги превезувале со воени авиони, а покрај портокаловите одела, чуварите ги принудувале да носат и заштитници за уши и затемнети очила со трака на очите, а во рацете имале мало знаме на САД.

Слични содржини