Објавено кога ќе пристигне вакцината на Џонсон и Џонсон во Европа

од Nikola Popovski

Компанијата Џонсон и Џонсон може да ги достави првите дози од вакцината против Ковид-19 во Европа во април, изјави денеска официјален претставник на ЕУ, откако се дозна дека американската компанија ќе побара одобрување од европскиот регулатор во февруари.

Европската медицинска агенција (ЕМА) ги анализира клиничките податоци за вакцината од 1 декември минатата година. Висок претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, рече дека вакцината на оваа компанија во Европа може да се употребува од 1 април.

Член на Европскиот парламент рече дека компанијата ќе побара одобрување за вакцината за единечна доза во февруари. На ЕМА ѝ беа потребни 20 дена да ја одобри вакцината на Фајзер и Бионтек и нешто повеќе од еден месец за вакцината на Модерна.

Астра Зенека го поднесе барањето во вторникот. ЕУ нарачала 200 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон со можност за дополнителни 200 милиони дози. Оваа вакцина се дава еднаш, а вакцините на Модерна и Фајзер / Бионтект во две дози помеѓу кои треба да изминат три до четири недели.

Слични содржини