Објавено првото ВИДЕО – Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се држат за рака

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон во неколку наврати на различни начини истакнуваа дека не се заедно, иако американските медиуми на големо пишуваат за природата на нивната врска.

Сепак, како што пишува Page Six, тие сега се и официјално заедно – откако се појавија фотографии и снимки од една прошетка.

Ким и тринаесетгодини помладиот комичар, кој своевремено за малку ќе „влезеше“ во брачните води со Аријана Гранде, се држеа за раце и на тој начин повторно започнаа приказни за тоа како всушност им цвета љубовта.

Да потсетиме, Ким и Пит се запознале во 2019 година, на роденденот на Кид Кади. На таа забава таа дојде во придружба на нејзиниот официјално поранешен сопруг, раперот Канје Вест.

Од друга страна, покрај Аријана, имал врски и со Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, Фиби Диневор, набројува локалниот печат, а познат е и по тоа што често имал проблеми со алкохолот и дрогата.

Слични содржини