Објавено ВИДЕО од убиството на хрватскиот ракометар

од Nikola Popovski

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина по брутално претепување, а денес се појави видео како неподвижен лежи пред ноќниот клуб „Привилиџ“

На видеото се прикажани момчиња и девојчиња кои се обидуваат да го поместат претепаниот Тот, а потоа сфаќаат што всушност се случило.

За тепањето со смртни последици приведени се момче и девојка, на кој им е одреден 30-дневен притовр додека третото осомничено што е вмешано во овој трагичен случај е во бегство.

Обдукцијата покажала дека тој добил удар во главата и дека повредите на мозокот биле причина за смртта на 27-годишниот ракометар на РК Бутел.

Скопското обвинителство дојде и до видео на кое се гледа дека Тот и осомничените во тепачката биле во исто друштво во ноќниот клуб, по што бил претепан пред објектот, додека останатите избегале по тепачката кога ракометарот се онесвестил, што може да се види и на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Несреќниот Тото го забележала една од вработените во дискотеката и повикала брза помош.

Слични содржини