Облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи, додека на планините во западните предели ќе има повремен снег. Ќе дува повремен, на некое места засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд а ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Слични содржини