Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми, УХМР.

Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат од -1 до 9 степени целзиусови.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе се движат од 4 до 6 степени целзиусови.

Слични содржини