Обновена Honda Breeze

од Vladimir Zorba

По речиси три години од појавувањето, Honda Breeze ќе помине низ редизајн во Кина, што го потврдуваат и првите слики.

Во основа, ова е фејслифтирана верзија на Honda CR-V, само со модифициран преден и заден дел. Верзијата за моделската 2023 година добива, меѓу другото, различни LED фарови, изменета маска и различни браници, како и нови алуминиумски тркала.

Breeze е долг 4716 mm (22 mm подолг од Honda CR-V), широк 1866 mm, висок 1691 mm и има меѓуоскино растојание од 2700 mm.

Во префинетиот ентериер се очекува дигитална инструмент табла и 9,0-инчен екран на инфозабавниот систем.

Што се однесува до другите детали, Breeze ќе биде достапен само во верзија со три реда седишта, додека стартниот мотор ќе биде 1,5 литарски турбо бензинец со 193 КС и 243 Nm (спарен со 6-брзински мануелен или CVT менувач).

Малку подоцна ќе пристигне и хибридна верзија со 2.0-литарски мотор и пар електромотори.

Премиерата се очекува во следните неколку месеци, а продажбата во Кина би требало да започне на почетокот на 2023 година.

Заедничкото вложување на кинескиот GAC и Honda ќе продолжи да се грижи за производството на Honda Breeze.

Слични содржини