ОБНОВЕНА -Превртен автобус на автопатот Тетово-Скопје

од desk4

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, потврди МВР за МИА.

Официјални информации се уште нема  за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата. 

Според очевидци има жртви во несреќета. 50 лица се повредени но има и загинати, јавуваат репортерите од терен.

Слични содржини