Обновена спасувачката операција во пештера во Тајланд

од desk4

   Обновена е операцијата за спасување на последните четири деца и тренерот блокирани во тајландска пештера од 23 јуни.

Во првите два дена од операцијата, беа извлечени осум деца кои се во добра физичка и психичка состојба, но се со знаци на инфекции, соопштија властите. Тие се хоспитализирани и во следните седум дена ќе бидат под посебен лекарски надзор.

– Во третиот ден од операцијата ќе бидат извлечени останатите четири момчиња и нивниот тренер по фудбал, изјави шефот на спасувачката операција Наронгсак Осатанакорн

Слични содржини