Обновената Hyundai Elantra во нови слики

од Vladimir Zorba

Hyundai објави нови официјални слики и детали за фејслифтираниот седан Elantra, кој на јужнокорејскиот пазар се нарекува Avante.

Пред се е променет предниот дел кој сега добива посериозен изглед. Редизајнираното лице вклучува нов пар предни светла со хоризонтално растојание (кои се поврзани преку облога), изменета решетка што е одвоена од долниот отвор за воздух и поспортски лажни доводи опкружени со облоги во црна боја.

Модифицираниот модел го задржува својот препознатлив профил, вклучувајќи препознатливи површини на вратите и сет на нови алуминиумски тркала со двобојна завршница.

Назад, LED светлата со целосна ширина, наведнатото задно стакло и задната врата се пренесени од сегашниот модел. Сепак, задниот браник сега се издвојува со нов дизајн, со голема црна обоена површина и облога во алуминиумски стил околу лажниот дифузор.

Поради модифицираните браници, автомобилот е и 60 mm подолг од претходно (сега 4710 mm), а треба да се спомене дека модификации претрпеа и суспензијата и системот за управување.

Внатре имаме дигитален кокпит со двојни екрани од 10,25 инчи. Има и нов тапацир Sage Green, кој може да се види на седиштата, централната конзола и панелите на вратите.

Во Јужна Кореја Hyundai Avante се нуди со 1,6 бензински мотор со 123 КС, во варијанта 1,6 LPG со 120 КС, како и во хибридна верзија која комбинира 1,6 бензински мотор и електричен мотор (со вкупно 141 HP).

Подоцна ќе пристигнат и ажурираните верзии на Avante N Line со 204 КС и Avante N со 280 КС.

Слични содржини