Обработени околу 80 отсто од гласовите: Арсовска води пред Шилегов

од Берта Китинска

Според  моменталните податоци објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 77,13 отсто од гласовите.

Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 65 457 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 61 670 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Слични содржини