Обраќање на Путин до нацијата: Година полна со предизвици

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин и оваа, како и секоја година од кога е на чело на државата, ѝ се обрати на јавноста, сумирајќи ја годината што стои зад нас. Во своето годишно обраќање до нацијата, Путин оцени дека 2020 година е година на предности и минуси, обележана со коронавирусот, хаосот во Белорусија и војната во Нагорно Карабах.

Рускиот претседател процени дека ниту една земја не била подготвена за епидемија на коронавирус, но рускиот здравствен систем се покажа како поефикасен од другите.

„Русија реагираше веднаш штом вирусот се појави во Кина“, рече Путин и потсети дека Русија е првата земја што започнала со производство на вакцини.

Путин ја посочи високата ефикасност на вакцината „Спутник V“. Покрај вакцината, претседателот истакна дека Русија е меѓу првите три според тестирањата.

„Годината зад нас беше како и времето, имаше свои добри и лошите страни, а пандемијата ги допре сите пори на животот“, рече Путин.

Слични содржини