Образложението на Јанакиески за оставката

од Vladimir Zorba

Еве го образложението од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој на Фејсбук ја објави оставката која веќе ја прифати премиерот Груевски:

ostavka_mile (1)

– Гледајќи ја политичката состојба во Република Македонија и сите обвинувања кои се прават кон мене со разни лепени монтирани и сечени и креирани разговори каде не беа поштедени и членови на моето семејство, а со цел да не влијаам, на било каква постапка, ви ја доставувам мојата неотповиклива оставка од позицијата министер за транспорт и врски.

Mile-Janakieski1-620x439

– Јанакиевски смета дека неговата оставка ќе придонесе за стабилизирање на политичката состојба во Република македонија и дека ќе овозможи земјата да продолжи да чекори на патот кон ЕУ и НАТО.

– Јанакиевски во оставката им се заблагодарува на колегите од Министерството за транспорт и врски и му порачува на премиерот Да го има во предвид неговото долгогодишно искуство како министер и дека му стои на располгање за реализација на започнатите проекти на Владата а по целосното завршување на евентуалната правна процедура и за понатамошен ангажман.

– Во оставката Јанакиевски ги наведува реализација на проектите од програмите на Владата за време додека бил министе, пишува во оставката на Јанакиески. ostavka_mile_1

Предлозите на премиерот за заменици на Јанкуловска, Јанакиески и Мијалков се утре пред праламентарница на собраниска седница закажана за 13.00.

Слични содржини