Обвинение против Италијанецот кој носел куфер со дрога на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski

ОЈО Скопје спроведе истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром.

Станува збор за 38-годишик, кој се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„На 17 мај, на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш-масло“, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство, доставен е предлог за определување мерка притвор.

Слични содржини