Обвинет за силување: Уапсен режисерот и сценарист Пол Хагис

од Stefanija Kuzmanovska

Канадскиот режисер и сценарист („Казино Ројал“, „Зрно утеха“, „Девојка од милион долари“…) Пол Хагис (69) е уапсен во италијанскиот град Остунија.

Тој беше обвинет од Британка за силување и нанесување тешки телесни повреди.

Таа на полицијата ѝ кажала дека Хагис ја држел два дена во хотел и сексуално ја злоставувал, пред да ја одвезе до аеродромот и да ја остави таму.

Во тек е истрага, а на оскаровецот му е забрането да ја напушти Италија додека не се истражи наводниот напад.

Слични содржини