„Обвинете ме и мене како Новак – не сум за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska

Искусниот тенисер Денис Истомин го поддржа Новак Ѓоковиќ во две клучни теми.

Истомин се осврна на изјавата на светскиот рекет број еден дека не е за задолжителна вакцинација, поради што бил нападнат од бројни странски медиуми.

„Нека ме обвинат и мене. Јас се согласувам со Новак! Не може да има задолжителна вакцинација, секој мора да има избор дали сака или не“, рече тој.

Ѓоковиќ исто така подготви план за помош на тенисерите над 100-та позиција.

„Мислам дека тоа е одлична идеја. Тешко е за сите играчи, особено оние со понизок ранг, кои немаат шанса да играат на Гренд слем и АТП турнирите. Сигурно многу од нив размислуваат да се откажат од тенисот. Се надевам дека парите од тој Фонд ќе им помогнат да ја задржат мотивацијата“, додава Истомин.

Слични содржини