Обвинителството ги извади фискалните на Боки 13, трошел и по 26 илјади евра на облека

од Vladimir Zorba

На денешното рочиште за „Рекет“ се прикажуваат фискални сметки на првообвинетиот Бојан Јовановски.

На фискалните се забележува дека е пазарено во скапи брендирани продавници во Милано, Италија.

Има 26 фискални сметки, кои се од 10, 14, 26 илјади евра… Во периодот од 25 до 27 февруари 2019 година тој потрошил вкупно 148,036 евра.

Дел од сметките се на Јасмина Јовановски, мајката на Боки, а дел на обвинетиот.

Обвинителството со покажувањето на сметките сака да докаже дека се работи за перење на пари од страна на Јовановски.

Адвокатот на првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, Сашо Дуковски имаше приговор во врска си изведените доказни материјали.

Тие се однесуваа на покажување на исти докази по повеќе пати „само за да се направи сензација пред јавноста“, посочи адвокатот.

Боки 13, исто така, имаше приговор исто поради комуникацијата со екс претседателката на Собранието, Фросина Ременски заради сензација пред јавноста.

Тој побара во име на вистината да му биде извршено целосно вештачење на неговиот телефон.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини