Обвинувања од Мета на ден пред изборите: Американците го поддржуваат Рама

од Nikola Popovski

Претседателот на Албанија, Илир Мета, го обвинил американската амбасадорка во Тирана за мешање во внатрешните работи на таа земја, со поддршка на премиерот Еди Рама пред утрешните парламентарни избори, пренесува АП.

Мета зборувал остро за амбасадорката Јури Ким за време на гостувањето на телевизија и ја повикал „да престане да го поддржува Рама, кој го крши изборниот молк“.

Додека емисијата се емитувала на телевизијата „Сири“, Ким испратила СМС-порака до Мета и твитна за изборите во недела, одговарајќи на предупредувањето на Мета дека Албанците „ќе земат вили и други алатки ако премиерот се обиде да манипулира со гласањето или резултатите“.

„Неприфатливо е секој да се заканува дека ќе ги земе вилите на 25 април ако не им се допаднат изборните резултати. Овие закани заслужуваат осуда. Оние што повикуваат на насилство ќе одговараат за своите зборови и постапки“, напишала американската амбасадорка.

Слични содржини