Обвинувањата не престануваат: Менсон ги принудувал обожавателките на стриптиз

од Nikola Popovski

Откако актерката Еван Рејчел Вуд откри дека музичарот Мерилин Менсон сексуално ја злоставувал, обвинувањата против него продолжија. Сега, фотографката Ерика Вон Стајн за британски „Мирор“ раскажа за непријатното искуство што го доживеала со контроверзниот американски рокер по неговиот концерт во Глазгов, Шкотска.

Вон Стајн детално опишала како соработниците на Менсон избрале неколку убави девојки од публиката, вклучително и таа и ги придружувале до неговиот автобус, со кој патувал за време на турнеја низ Европа.

„Тој ни понуди алкохол, неговата цел очигледно беше да не опие, а потоа тој побара да изведеме стриптиз пред него. Сето тоа беше дел од неговите извртени сексуални игри … Тој не замоли да се соблечеме и рече дека сака да види која од нас има најдобри цицки и задник. Сите беа малку изненадени, но тој се однесуваше како да е нормално, беше забавно за него. Тој беше опкружен со постари луѓе и дефинитивно доминираше во тоа општество. Мислам дека во тој момент никој од присутните не се осмели да му каже „не“, рече Ерика.

Нејзините тврдења ги потврдиле уште две девојчиња кои исто така биле во автобусот за време на наводниот инцидент.

Деновиве против Менсон зборуваше и Ели Русел, пејачка од инди-рок групата „Волф Алис“. Таа напиша на Твитер дека музичар од зад сцената ѝ ѕиркал под здолништето на фестивал додека ја снимал со ГоПро камера.

„Ако тој прави такви работи цело време, како е можно дури да го гледаме на фестивали со години? Кога ќе ги запреме овие мизогинисти? Мораме да се чувствуваме безбедно во машкиот свет, а музичката индустрија е таква“, рекла Ели.

Менсон минатата недела ги негираше сите обвинувања за сексуално вознемирување и сè уште не ги коментираше последните обвинувања.

Слични содржини