Од 1 јули без роаминг во Западен Балкан

од Берта Китинска

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома.

Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, ќе започнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 – та година, со кој граѓаните добија поефтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

„Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули”, рече министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири кој беше на состанокот организиран од Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans”.

Тој нагласи дека ова е само почеток, додавајќи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу балканските земји и земјите од Европската Унија.

Слични содржини