Од 15 ноември за влез во објекти ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан Ковид-19

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија на денешната 115-та седница објави се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип со поседување и приложување на еден од следните документи:

– до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Слични содржини