Од 20-ти декември влез во Србија само со негативен PCR тест

од Nikola Popovski

За влез во Србија ќе биде потребен негативен PCR тест од 20 декември, а оваа мерка, во зависност од развојот на епидемиолошката состојба, може да трае до 10 јануари 2021 година, одлучи Кризниот штаб на српската влада за борба против коронавирусот.

Како што беше најавено денес по седницата, од членката на Кризниот штаб и министерка за труд и социјална заштита Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, српските државјани кои ќе пристигнат на граница без негативен тест за PCR не постар од 48 часа, ќе им биде дозволен влез, но со задолжителен десетдневен карантин, што може да биде пократко ако се тестираат во меѓувреме и примерокот е негативен.

Тековните мерки за борба против епидемијата ќе останат во сила до петок, 18 декември, кога Кризниот штаб повторно ќе се состане и ќе донесе одлука за можна корекција на мерките, рекла Кисиќ Тепавчевиќ.

Како што истакна таа, досегашните мерки имале ефекти, иако бројките се на многу високи вредности, но сега гледаме пад кај новозаболените лица и процентот на позитивност. Таа ги повтори мерките – забрана за работа на сите објекти од 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

Слични содржини