Од 3.087 тестови, регистрирани 54 новозаразени со КОВИД-19

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19:

• Тетово – 32
• Скопје – 13
• Дебар – 4
• Гостивар и Валандово – по 2
• Кичево – 1

Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од:

• Скопје – 12
• Куманово – 4
• Тетово – 3
• Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2
• Струмица– 1.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613

Слични содржини