Од 3 јануари во Косово само со доказ за целосна вакцинација

од Milan1

Секој што ќе влезе на територијата на Косово од 3 јануари ќе треба да има доказ дека примил две дози од вакцината.

Тоа го предвидуваат новите мерки против корона вирусот, кои во вторникот ги усвои косовската влада, јавуваат приштинските медиуми. До 3 јануари лица кои имаат доказ дека примиле две дози вакцина или имаат најмалку една доза вакцина и негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа, или една доза вакцина и доказ дека имале коронавирус , ќе може да влезе во Косово.
Новите мерки предвидуваат и сите лица кои користат јавен превоз да имаат потврда за целосна вакцинација против коронавирус. Јавен превоз можат да користат и патници кои ја примиле само првата доза од вакцината, но под услов да имаат и негативен ПЦР тест.

„Дури и оние кои имаат докази дека имале коронавирус мора да се вакцинираат со најмалку една доза за да патуваат со градски автобус“, соопшти косовската влада.

Со такси можат да патуваат само двајца патници.

Една од главните мерки што останува на сила е ограничувањето на сообраќајот од полноќ до 5.00 часот, додека угостителските објекти ќе работат до 23 часот. Предвидено е и музиката во кафеаните да биде исклучена во 21.30 часот.

Мерките се воведени, како што беше најавено минатата недела, поради опасност од појава, односно ширење на нов сој омикрон корона.

Слични содржини