Од 4-ти октомври учениците во Франција не мора да носат маски

од Nikola Popovski

Од 4 октомври, учениците во Франција повеќе нема да мора да носат заштитни маски за лице во основните училишта во области со ниска стапка на инфекција со Ковид-19, стои во владината уредба објавен денеска.

Париз и околните предградија не се меѓу 47 -те департмани или административни области во кои ќе престане да важи мерката задолжително носење маски, покажаа податоците од Министерството за здравство, а пренесува Ројтерс.

Овој потег доаѓа откако ситуацијата со Ковид-19 во Франција се подобри откако владата ја засили кампањата за вакцинација.

Областите каде што маските ќе престанат да бидат задолжителни во основните училишта мора да имаат помалку од 50 случаи на Ковид-19 на 100.000 граѓани пет последователни дена.

Портпаролот на француската влада Габриел Атал вчера изјави дека Франција планира да ја продолжи вонредната состојба до следното лето, како дел од борбата против епидемијата.

Слични содржини