Од 6 ноември, Владата распишала огласи за 4.131 работно место

од Vladimir Zorba

Од 6 ноември од кога е познато дека ќе се формира техничка влада, па се до сега, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници распишани се огласи во државната управа за 4.131 работно место, изјави дополнителниот заменик министер за информатичко опшество, Невенка Стаменковска-Стојковски.

„Од 4.131 работно место, 911 работни места се во владини институции, Генерален секретаријат, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, па и во претпријатија кои мака мачат со исплата на плати како што се Македонски железници“, рече Стаменковска.

Таа додаде дека платите за дел од распишаните места се движат и од 40 илјади па до 60 илјади денари.

„Овие огласи по нивниот обем и начинот на кој се распишани, за само два месеци, не се ништо друго туку само начин на изборно корумпирање и купување на мир во владејачката партија. Сето ова ќе биде на товар на граѓаните, но и на сметка на квалитетни кадри кои ќе останат запоставени и тргнати на страна“, смета таа.

Слични содржини