Од август нема да има вакцинација во пунктот „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче денес на прес-конференција најави дека од месец август нема да има повеќе вакцинација во вакциналниот пункт за масовна имунизација во арената „Борис Трајковски“.

„Се затвора вакциналниот пункт во салата Борис Трајковски. Освен во салите во Тетово и Струмица, на другите места вакцинацијата ќе продолжи во пунктовите во склоп на клиниките“, информира министерот, додавајќи дека одлучиле дека нема потреба да бидат во функција веќе толкави места и дека вработените полека се враќаат на работните места во здравствените домови.

Тој потенцира дека наскоро ќе биде надмината бројката од 500 илјади граѓани вакцинирани со прва доза, а 330 илјади граѓани се ревакцинирани.

Слични содржини