392
Поранешната австралиска возачка на автомобили, Рене Грејси ги шокираше своите фанови со одлуката да се повлече од автомобилскиот спорт на 25-годишна возраст и да се преориентира кон порно индустријата.
Бринетата ја објасни нејзината одлука со лошата финансиска состојба и губењето на интересот на натпреварите.
„Чувствував дека не сум толку добра како другите и изгубив интерес. Не е повеќе моја страст и не заработував доволно. Сега земам 2.500 долари на ден и за една година ќе можам да ја исплатам хипотеката. Не можев ни да сонувам за толку многу пари“, призна Австралијката.
Таа додаде дека нејзиното семејство ја прифатило промената неочекувано добро и ја поддржале.