Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

од desk2

Високата куповна моќ и возачките вештини не одат во пакет кај некои луѓе, а трезната глава е препорачлива во оваа комбинација.

Пример за тоа дека парите не ве прават добар возач е една ситуација во Австралија во која најмногу настрада автомобилот, за среќа. Повредено беше и егото на сопственикот, ама тоа е помалку важно.

Сопственикот на ново Lamborghini Diablo платил околу полoвина милион долари за спортскиот автомобил и од автосалонот завршил право во дрво, поради возење со неприлагодена брзина.

Овој автомобил не е наменет за неискусни возачи – кога ќе го притиснете гасот „до даска“, се буди „ѕверот“ од 492 коњски сили што може да го скротат само трезвени глави и сигурни раце.

Слични содржини