Од Белата палата дошле до документ: „МВР се подготвува за долга и тешка енергетска криза“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба, посочи на денешната прес-конференција од Белата палата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Блокирање на патни правци и делници; воспоставување нов режим на движење; блокада на простор; воспоставување на контролни пунктови; пребарување и претрес на терен; следење на социјални мрежи…“, се дел од мерките кои ги наброја портпаролот.

Тврди, планот на мерки и активности јасно укажувал на „недостаток на електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија, проследено со реални безбедносни предизвици кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици“.

Слични содржини