Од Белата палата обвинуваат: Власта краде струја за копање на криптовалути

од Vladimir Zorba

Власта предводена од Зоран Заев не знае ништо освен да краде, или да се занимава со корупција и криминал. Сега власта краде струја за копање крипто валути, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта. Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра“, соопштуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски велат дека претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои се платени кон европската енергетска мрежа и дека оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра, а дека зимата не е ни почната.

„И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент. Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини“, се вели, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини