Од белиот леб полоши се овие пет јагленихидрати

од desk2

Одлучивте од исхраната да го исфрлите белиот леб, но сигурни ли сте дека со тоа целосно ќе го лишите вашиот организам од сите јаглехидрати на кои со процесот на преработка им се одземени сите хранливи својства?

Имено, покрај белиот леб постојат и некои други намирници кои не содржат речиси никакви нутриционистички вредности. Проверете дали во вашата кујна има натрапници чија порција содржи многу повеќе од препорачаната дневна количина на јаглехидрати важни за снабдување на телото со енергија.

1. Кафе со многу шеќер, шлаг и чоколадо

Во кафето со разни слатки додатоци може да се соберат и до 400 калории, па така овој напиток по бројот на калории може да сочинува еден цел оброк или многу богат десерт. Исто така, може да содржи количина на јаглехидтари како голема порција тестенини – 60 до 80 грама.

2. Овошни шејкови

Доколку не можете да го започнете денот без шејк или фрапе, држете се до количина од најмногу два децилитри која содржи околу 20 грама јаглехидрати.

Во пет децилитри од истиот напиток може да се соберат и до 75 грама јаглехидрати и 65 грама шеќер.

3. Крекери со сирење

Не содржат астрономска количина на јаглехидрати, но овие крекери се многу лоши бидејќи немаат ниту една друга хранлива состојка. Полни се со адитиви, хемикалии и вештачки бои, а може да содржат и пченкарен сируп полн со фруктоза. Нека не ве залажува ни органската верзија – можеби има помалку вештачки состојки, но преработеното брашно и полномасното сирење ни тука нема да ги избегнете.

4. Мафини

Овој вкусен десерт, иако изгледа безопасен, може да содржи дури 64 грама јаглехидрати и повеќе од 30 грама шеќери. Доколку се направени од преработено брашно, шеќер и маргарин, нема да се разликуваат од парче торта. Затоа, држете се до помали мафини кои тежат околу 50 грама и доколку сте во можност купувајте ги оние од цели житарки.

5. Овошен јогурт

Обичниот јогурт претставува одличен избор за ужина пред вежбање или за доцна вечера, но оној со парчиња овошје во него е сосема друга приказна. Една чаша обичен јогурт содржи помеѓу 12 и 15 грама јаглехидрати, а оној со овошје може да содржи и до 30, од кои половина се преработени јаглехидрати кои брзо согоруваат. Многу поздрава варијанта е покрај обичниот јогурт да грицкате свежо овошје.

Слични содржини