Од денес блокади во цела земја против францускиот предлог

од Берта Китинска
335 прегледи

Блокади низ целата држава од денеска со почетокот во 13 часот, беа најавени вчера од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

На протестот, заврши без инциденти, учесниците побараа оставки од Владата која, како што рекоа, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.

-Нашата последна црвена линија е Уставот, рече Ивица Боцевски, кој се обрати на собирот, порачувајќи им на лидерите на опозициските партии дека тие се последниот бедем на македонскиот народ и државност, а собраниот народ на протестот ќе биде нивна заштита и ќе ги поддржи да опстојат за да нема никаква промена на Уставот која ќе ги земе предвид бугарските барања.

-На четири места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, стои во соопштението на организаторите на протестот „Ултиматум – Не Благодарам“.

Блокадите се најавени од 13 до 14 часот.

Во сабота, како што наведуваат, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник ќе нема протести.

-Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, недела во 19 часот пред Влада, посочуваат оттаму.

Слични содржини