Од денес дводневна Меѓународна конференција за моделите на регулирање дроги

Коалицијата Маргини и ХОПС, денес ќе ја стартува дводневната онлајн Меѓународна конференција за моделите за регулирање на дроги, во облик на панел дискусија и експертски презентации.

Оваа конференција ќе има за цел да ја иницира дискусијата за моделите на регулација на дрогата како почетна точка за декриминализација на личната употреба на дрога во С. Македонија.

Организаторот најави дека ќе се обратат, министрите за здравство, и за труд и социјална политика, Венко Филипче, односно Јагода Шахпаска, а вториот дека свое обраќање ќе има министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Меѓу останатите говорници на конференцијата се најавени и извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова Пановска, директор за Меѓународен развој на програмите за намалување на штетите (ИХРД) во рамките на Програмата за јавно здравје при Фондациите Отворено општество – Њујорк, Даниел Волф, извршната директорка на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ, Жоаа Кастел-Бранко Гулао од потугалскиот Генерален директорат за зависнички однесувања и зависности (СИЦАД), проф. д-р Томас Забрански од Чешка, постариот советник за политики и меѓународна соработка во областа на криминалот при холандското Министерство за правда, Ханс Абма и главниот инспектор за криминал, превенција од дрога и продажба во полицијата во германскиот град Франкфурт, Томас Цозел.

– Конференцијата ќе вклучи домашни експерти од одредени институции (полиција, судство, здравство, претставници на извршна власт, политичари, граѓански организации, членови на заедницата) во дискусија околу тоа што можеме да сториме понатаму во Северна Македонија за да развиеме похумани политики за дроги, наведуваат организаторите.

Слични содржини