„Од денес сите ги менуваме навиките“: Маричиќ објави фотографија со платнена торба

од Берта Китинска

Од денес сите ги менуваме навиките.Пластичните ќеси ги испраќаме во историјата, за да придонесеме кон почиста и позелена животна средина, пишува на својот Фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Тоа си го должиме себеси и на идните генерации, напиша Маричиќ.

Од денеска стартува забраната за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон. Дозволена ќе биде само продажба на биоразградливи кеси кои ќе бидат екстра лесни и за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари, кој во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина.

Слични содржини